Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ќе го пропушти финалниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Севиља, објави Би-би-си.
Тренерот на „граѓаните” Хосеп Гвардиола изјави дека напаѓачот нема да биде во тимот за претстојниот натпревар.
Дваесет и двегодишниот Норвежанец сѐ уште ја нема стекнато потребната подготвеност по повредата.
Да потсетиме дека Халанд се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:0) и беше заменет на полувремето.
Во сезоната 2022/23, Халанд постигна 22 гола и три асистенции на 16 натпревари за Манчестер сити.