More

    Хајризи бил подготвен да убие и други лица, вели Дачиќ

    spot_img

    Фатон Хајризи, убиецот на полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница, трчал преку улицата кога наишла полициска патрола и веднаш пукала во нивна насока, дознава „Блиц“. Како што се вели во статијата Хајризи бил ранет поради брзата реакција на полицајците кои биле во патролата.

    – Полицаецот потоа го ранил и Хајризи почнал да куца. Се обидел да побегне продолжувајќи да пука, но набрзо бил неутрализиран – вели извор на „Блиц“ запознаен со истрагата.

    Дека убиецот се обидел да побегне преку улицата сведочат и фотографиите кои ги објави „Блиц“ на кои се гледа кожната јакна што му припаѓала, како и полициско возило кое било разбиено. Како што додава изворот, постои сомневање дека Фатон Хајризи му го скршил мобилниот телефон и го фрлил.

    Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска на местото каде што беше убиен убиецот на полицаецот Фатон Хајризи изјави дека ќе побара од Германија да го екстрадира Артан Хајризи, братот на Албанецот кој пукаше во Лозница.

    – Братот на Фатон лажел дека Фатон му ги украл документите. (Братот) ги испратил (документите) во Србија – рече Дачиќ.

    Фатон беше убиен од српските специјалци додека бегаше во Бања Ковиљача, објави српски Телеграф. Според првите информации тој се ркиел во напуштена фабрика за вискоза недалеку од местото каде пред 36 часа уби 34-годишен и рани 50-годишен полицаец од граничната полиција. Фабриката во која се криел е место каде обично се кријат мигранти од Прешево.

    Хајризи одбил да се предаде и испукал голем број на куршуми кон полицијата.

    – Два дена го следевме на камери, прво украде велосипед, беше спремен да убие друг. Братот на Фатон лажеше дека тој му ги украл документите, ги пратил во Србија. Утре ќе дојдам на погребот на (полицаецот) Никола Крсмановиќ – рече Дачиќ.

    Во меѓувреме беше откриено со кој пиштол Фатон Хајризи пукал во полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img