Хајката против американската Бехтел ја води Мицкоски, обвинува СДСМ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномираната  американска компанија Бехтел, обвинува СДСМ.

Во соопштението на партијата се вели:

„Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши домашни компании.

Со невистини и спинови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.

Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на црвената буржоазија. Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен.

Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година, кога и ги загуби изборите.

Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и за градежништво“.

Share This Article