More

    Гвинет Палтроу се прости од Метју Пери, имале кратка љубовна врска

    spot_img

    Актерката Гвинет Палтроу преку Инстаграм се прости од својата поранешна љубов и легендарен актер Метју Пери.

    Веста дека славниот Чендлер од „Пријатели“ ненадејно починал на 54-годишна возраст ги потресе луѓето од целиот свет, а Гвинет ја сподели нивната романтична приказна и детали од животот кои многумина не ги знаеле.

    – Метју Пери го запознав во 1993 година на театарскиот фестивал „Вилијамстаун“ во Масачусетс. И двајцата бевме таму во поголемиот дел од летото, игравме претстави. Беше толку смешен и сладок, беше вистинско задоволство да се биде со него – започнала Палтроу, сеќавајќи се на тоа најубаво лето со него.

    – Отидовме да пливаме во реката, пиевме пиво во локалниот универзитетски бар, се бакнувавме на поле со висока трева. Тоа беше магично лето – додала таа.

    Гвинет го запознала Метју пред да се прослави со „Пријатели“, па се присетила на моментите кога тој почнал да ја снима сега веќе култната серија.

    – Беше нервозен, се надеваше дека неговиот голем успех пред вратата. И беше. Останавме пријатели некое време, додека не раскинавме, но секогаш бев среќна кога и да го видам. Денеска сум многу тажна, како и многумина од нас. Се надевам дека Метју конечно е во мир. Навистина го сакам то – напишала во објавата познатата актерка.

     

    Да потсетиме, актерот Метју Пери почина на 54-годишна возраст, кога, како што пишуваат светските медиуми, се удави во своето џакузи, во својот дом во Лос Анџелес.

    Неговото безживотно тело го пронашол помошникот, кој повикал брза помош, но можеле само да констатираат смрт.

    Обдукцијата е завршена, но се чекаат резултатите од токсиколошките тестови за да се утврди точната причина за смртта.

    Телото на Метју Пери е предадено на неговото семејство, за да можат да го организираат погребот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img