Актерката Гвинет Палтроу (50) го доби судењето за несреќата што се случи на скијање, а тужителот, лекар во пензија Тери Сандерсон мора да и плати отштета во износ од еден долар.
Пресудата беше изречена во четвртокот, а поротата ја прогласи актерката невина за инцидентот во 2016 година, кога таа наводно удрила во лекарот Тери Сандерсон.
Судот побарал од него да и плати отштета на актерката, но таа се смилувала и побарала да плати само еден долар. Судот го одобрил тоа.
– Сакам само еден долар за себе, а адвокатите нека бидат платени – рекла Палтроу.
Како што пишува „Пејџ сикс“, Палтроу се насмеала по радосната вест, а Сандерсон поразен ја спуштил главата.
Да потсетиме, американската актерка беше тужена од пензиониран оптометрист кој тврдеше дека Палтроу скијала „целосно надвор од контрола“ и го удрила на скијачката патека во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, Јута. Сандерсон тврди дека Палтроу се забила во него „и го соборила, што резултирало со повреда на мозокот, четири скршени ребра и други посериозни повреди“.