Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола се врати на кормилото на Манчестер Сити по операцијата на грбот, објави англискиот фудбалски шампион.
„Менаџерот се врати во Градската фудбалска академија откако се опорави од рутинската операција на грбот во Шпанија минатиот месец“, соопштија од клубот.
Каталонецот отсуствуваше три недели, а во негово отсуство тимот го водеше првиот помошник Хуан Мануел Лиљо.
Актуелниот победник во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот ги победи Шефилд Јунајтед (2-1) и Фулам (5-1) во отсуство на Гвардиола и остана на врвот на табелата со четири победи.
Сити во сабота гостува кај Вест Хем Јунајтед, а во групната фаза од Лигата на шампионите следниот вторник на домашен терен ќе игра против белградска Црвена Звезда.