Поради зголемена фреквенција на возила, повторно долги колони и чекање на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму не даваат подетални информации колку време е потребно за да се преминат границите, туку само е објавено дека „се бележи поголем интензитет на сообраќај“.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според она што може да се забележи од камерите на ЈПДП, има 6 колони со возила на ГП „Богородица“.
Вчера на граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираа туристите и патниците, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти. Се чекало и до три и пол часа за влез кај нашиот јужен сосед.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.