Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава нема позначителни намалување на цените на храната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Fruit and vegetables in the supermarket,Image: 799843746, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава  нема позначителни намалување на цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Ангеловска-Бежоска рече дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 – 18 %. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната – рече Ангеловска Бежовска.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Share This Article