More

    Гутереш бара прекин на огнот во Нагорно-Кaрабах

    spot_img

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.

    „Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, се вели во соопштение.

    Како што е наведено, Гутереш е „се уште загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на пристапот до хуманитарните акции на луѓето на кои им е потребна.

    Во меѓувреме руски медиуми информираа дека Советот за безбедност на ОН  на 21 септември на која ќе се разговара за Нагорно-Карабах.

    Вчера Азербејџан започна голем напад врз Нагорно-Карабах. Најмалку 25 лица загинаа, а 138 се ранети во Нагорно Карабах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img