Амбасадорот на Србија во Вашингтон, Марко Ѓуриќ на својот Твитер профил објави дека имал срдечна средба и искрен разговор со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.
„Продолжуваме да се договараме и да спроведуваме конкретни чекори кон унапредување на српско-американската соработка во сите области“, напиша Ѓуриќ по средбата во новата зграда во Вашингтон, која беше купена за потребите на Амбасадата на Србија во Вашингтон.
Официјалното отворање на „новиот дом на Србија“ е веќе следниот месец“, објави Ѓуриќ во соопштението.