Грузија: Дванаесет лица загинаа од јаглерод моноксид во ски-центар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
INCREDIBLE images have revealed a stunning ski resort that is made almost entirely of repurposed shipping containers. The striking structure is built into the mountainside in a pyramid-like shape with each shipping container perched on top of the other while they are supported by steel poles. The small size of the hotel doesn’t mean one should miss out on any of the luxury one might expect on a ski holiday as other pictures show the beautiful interior with a spiral staircase, Jacuzzi and twin beds in a spacious room. The picturesque Quadrum Ski and Yoga Resort is located in the Caucasus mountain range in Gudauri, Georgia. Quadrum Ski and Yoga Resort / mediadrumworld.com,Image: 353778517, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Дванаесет лица загинаа во ски-центарот Гудаури во северна Грузија поради сомневање за труење со јаглерод моноксид, соопшти полицијата. Меѓу жртвите има и 11 странци и еден грузиски државјанин.

Според полицијата, телата на дванаесетте биле пронајдени во саботата во просторот за спиење над ресторанот во Гудаури, најголемиот и највисокиот ски-центар во Грузија, кој е популарна туристичка дестинација за љубителите на скијање и сноуборд.

Телата се откриени на вториот кат од зградата, во која се наоѓа ресторан со индиска храна, пренесува француската новинска агенција АФП. Властите отворија истрага за инцидентот, но не го соопштија идентитетот на жртвите.

Полицијата соопшти дека „прелиминарните анализи не покажуваат траги на насилство врз телата“ и дека се работи за несреќен случај. Откако во петокот зградата остана без струја, го вклучиле агрегатот, објаснуваат оттаму.

Share This Article