More

    Групата Вагнер објави дека го зазеле „целиот источен дел“ на Бахмут

    spot_img

    Шефот на руската паравоена група Вагнер денеска изјави дека неговите војници го зазеле „целиот источен дел“ на Бахмут, центарот на борбите во источна Украина.

    Шефот на руската паравоена група Вагнер денеска изјави дека неговите војници го зазеле „целиот источен дел“ на Бахмут, центарот на борбите во источна Украина.

    „Единиците на Вагнер го зазедоа целиот источен дел на Бахмут, сè источно од реката Бахмутка“, рече Евгениј Пригожин во аудио пораката објавена од неговата прес-служба.

    Во последните денови, притисокот значително се зголеми врз украинските сили кои го бранат Бахмут, соочени со рускиот напредок и опкружување.

    Во својот последен извештај објавен вчера, Институтот за проучување на војната (ISW), кој собира група американски експерти, наведе дека руските сили „изгледа“ дека го окупирале источниот дел на градот по „контролираното повлекување“ на украинскиот силите во таа зона.

    Во интервју за Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговите војници се решени да го задржат тој град. Тој рече дека по Бахмут, Русите би можеле да имаат отворен пат да одат понатаму, до Краматорск, Славјанск и до другите градови во Украина.

    Иако стратешката вредност на Бахмут е спорна, градот добил симболично и тактичко значење со оглед на големите загуби што ги претрпеле двете страни во битките околу него. Околу тој град се води најдолгата и најсмртоносната битка од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img