More

    Група од 21 Италијанец, радикални десничари, биле уапсени синоќа на атинскиот аеродром

    spot_img

    Група од 21 Италијанец, радикални десничари, биле уапсени синоќа на атинскиот аеродром, а планирале да учествуваат на денешниот собир по повод десетгодишнината од убиството на двајца членови на Златна зора, протест што доби забрана од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Во изминатиот период во Грција се споменуваше дека за среда попладне, во населбата во северниот дел на Атина каде што во 2013 година беа убиени членовите на неонацистичката партија, се подготвува фашистички собир со учество на радикални десничари од Европа, по што следеше одлука на полицијата да забрани секаков вид на демонстрации, а паралелно се организираа и антифашистички протести.

    Доцна синоќа, на аеродромот во Атина пристигнала група од Италија, сите членови на италијанското неофашистичко движење Каза Паунд, а според медиумите во Грција, по информациите што ги имала грчката полиција, Италијанците биле уапсени и се очекува да бидат депортирани „поради национална безбедност“.

    Како одговор на европскиот фашистички собир, за попладнево се закажани антифашистички протести, а со одлука на полицијата, затворени ќе бидат метро станици и постои забрана за секаков вид демонстрации.

    Поради најавените протести, од рано утрово зголемено е присуството на полицијата во атинската населба Нео Ираклио каде што е закажан протестот, населбата во која порано беа канцелариите на Златна зора и местото каде што беа убиени двајцата членови на поранешната неонацистичка партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img