Група граѓани во Србија утринава се собраа околу муралот на озлoгласениот генерал Ратко Младиќ на Врачар на улицата Његошева со намера да го исчистат тој дел од Белград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Група граѓани во Србија утринава се собраа околу муралот на озлoгласениот генерал Ратко Младиќ на Врачар на улицата Његошева со намера да го исчистат тој дел од Белград, бидејќи сметаат дека на овој мурал таму не му е местото. Тие нацртаа срце врз лицето на Младиќ. На видеото може да се види како пратеникот Ѓорѓе Микетиќ го варосува цртежот со четка, пишува Нова.

 

 

„Денеска почна чистењето на Србија од криминалци и говор на омраза“, порачаа граѓаните.

Муралот на Ратко Младиќ се наоѓа на 200 метри од училиштето Владимир Рибникар каде се случи масакрот во кој Коста К. уби осуммина соученици, чувар, а рани шест деца и наставничка по историја.

Минатата година активисти неколку пати пробуваа да го варосуваат муралот, но тој наново беше чистен. Беа организирани и протести.

Се чини дека двата масакри кои ја завија Србија во црно предизвикуваат револт кај граѓаните.

Се шпекулира дека опозицијата размислува да организира протести.

„Сите на протест!“, напиша Чедомир Стојковиќ, кој веќе е познат по учеството во првите борбени редови, рамо до рамо со оние кои и денеска се организираат.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article