More

    Груби вели дека ако не се донесат законските измени коридорите ќе чинат поскапо

    spot_img

    Првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби, откако изрази сочувство и жалење за настаните во соседна Србија и кажа дека денеска Владата била информирана за тоа што се презема кај нас за да не се случат такви настни, обвини дека земјава губи 150 милиони евра  поради тоа што законските измени поврзани со изградбата на коридорите се во заложништво на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не сакаат да гласаат за неколкуте законски измени.

    – Поради тоа изградбата на коридорите може да чини 1,5 милијарди евра, наместо 1,3 милијарди евра – рече Груби.

    Тој информира дека Владата усвоила 5 предлог измени на закони кои ќе ги достави до пратениците а се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10Д.

    – Тие ќе бидат со европско знаменце. Ги замолуваме пратениците да не ги блокираат законите. Од нив зависи дали е се гради поевтино и побрзо или подолго и поскапо – рече Груби.

    Тој рече дека овие законски измени се однесуваат на сите идни инфраструктурни објекти.

    На прес конференцијата министрите ги појаснуваа законските измени кои се однесуваат на изградба на коридорите 8 и 10д по ресори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img