Груби собирите во Чаир и Тетово ги нарече провиден патриотизам

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, според првиот вицепремиер Артан Груби се провиден патриотизам и фолклор и обид за да се злоупотреби присуството на Курти за придобивање на политички поени.

Тој по посетата на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“, одговораше и на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во земјава кои произлегоа по постетата на Курти и обвинувањата на опозицијата за политички прогон и реваншизам.

– Секако дека треба да ги почитуваме институциите во нашата земја. Треба да ги почитуваме и знамето и химната и законските обрски при организација на настани. Сметам ова дека ова што се приредува е театар којшто е апсолутно непотребен. Тоа го прават во недостиг на проекти, во недостиг на идеи. Во недостиг на реализација тие прибегнуваат кон некој лажен фолклорен патриотизам којшто во 2023 година апсолутно е непотребен, изјави Груби.

Тој посочи дека премиерот Курти е добродојден и често доаѓа во Република Македонија, а двата настани имале локален карактер и во организација на двете општини, чии лидери се обиделе го злоупотребат неговото присуство за да се промовираат.

– Тие што го имаа покането Курти и што се обидоа да го злоупотребат за нивна политичко-партиска дневна агенда за да придобијат некој поен. Но, очигледно е дека профитираа, бидејќи името на улицата не е сменето од општината, туку е сменето од градот Скопје и од Владата на Република Македонија. Патот Тетово – Призрен не може да го прави општината Тетово, туку го прави Владата на нашата земја со Владата на Република Косово, рече Груби.

Share This Article