Груби ќе побара од Владата формирање на тимови за експропријација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го одржа вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и на Коридорот 10 Д.

Комитетот на денешната седница одлучи да ѝ предложи на Владата формирање на екипи за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект на нашата земја, кој ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка.

Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево, Ќафасан – Струга -Требениште. Коридорот 10 Д, пак, предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп.

Со изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, што беше одобрено од страна на Собранието и одборот на директори на ЕБОР, значително ќе им се олесни движењето на граѓаните од граничниот премин Блаце со Косово до граничниот премин Ќафасан со Албанија.

„Реализацијата на овие големи проекти на патната инфраструктура значително ќе влијае на зајакнувањето на трговските односи меѓу балканските земји, побрзо и поквалитетно движење на граѓаните“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Груби.

Законот за изградба на Коридорот 8 беше одобрен на 15 Јули 2021 година во Собранието на Македонија на предлог на пратениците на парламентарното мнозинство и беше потврден од страна на Уставниот суд на 9 Декември 2021 година.

Share This Article