More

    Грците се бунеле и добиле на саем во Франција

    spot_img

    Производителите на вино од Грција се бунеле поради термините „македонско вино“ и „македонско лозје“ на саемот „Citadelles du Vin“ во Франција, по што организаторите ги смениле натписите, јавува дописникот на софиски Труд од Атина. Грчката амбасада во Париз се повикала на фактот дека терминот „Македонија“ е заштитен географски поим и дека тоа го нарушува Преспанскиот договор.

    А, во Договорот за вакви прашања стои:

    „Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуриран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво“.

    Факт е дека во Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција не беа договорени трговските маркички и како тие во иднина ќе се именуваат, прашањето за кое актуелната влада на Мицотакис предложи повеќе идеи. Од грчката амбасада појасниле и дека нивната реакција не е против Преспанскиот договор, а дека трајните законски решенија треба се дефинираат преку меѓународна експертиза.

    За потсетување, Мицотакис лани го промовираше проектот „Macedonia the GReat“ . Македонското МНР тогаш излезе со срамежлива реакција дека тоа ја поткопува меѓусебната доверба меѓу двете земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img