More

    Грците се борат грчките плажи да бидат достапни за секого

    spot_img

    Граѓани на Родос и Парос формираа динамична иницијатива против нелегалната приватизација на плажите во Грција, наречена „Движење пешкир“, објави Катимерини.

    Имено, „пешкир-бунтот“ има за цел да ги направи повторно достапни за секого грчките плажи, и се против постоење на чувари на плажите, немање слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра.

    „Загрижени сме за беззаконието и непристојноста на плажите од компании кои експлоатираат делови од плажите и произволно го зафаќаат заедничкиот простор со лежалки и чадори, далеку над границите предвидени во договорите за концесија што ги потпишаа. Го браниме правото на граѓаните и посетителите на нашиот остров да имаат слободен пристап до плажите што ги сакаме. Грчкото лето е дел од нашата душа, дел од нашиот идентитет: да не дозволиме некој да ни го одземе“, наведува ова движење на социјалните мрежи“, пишува protothema.gr.

    Движењето успеа да го привлече вниманието на обвинителството кое веднаш реагираше и излезе со меморандум во кој се вели дека „непречен пристап до плажите е стандарден за ова лето“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img