Грција со хеликоптери ги спасува настраданите во невремето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со хеликоптери „Супер пума“ и „Бел“, спасувачки тимови на армијата и противпожарната служба на Грција започнаа да ги спасуваат луѓето заглавени во поплавите во централниот дел на Грција, со оглед на тоа дека претходно, поради лошото време и молњите, не беше дозволена интервенција од воздух, јави дописничката на МИА од Атина.

Хеликоптерите слетуваат на стадионот во градот Кардица каде што се префрлаат спасените.

Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција до акредитираните новинари испрати видеа од спасувачките акции, кои ги објавува МИА.

На едното видео е спасувањето на татко со мало дете кои беа извлечени од поплавена куќа, додека, пак, другото е извлекување на повозрасно лице.

Според министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас, во невремето исчезнати се шест лица. Како што претходно објави МИА, во невремето од вторникот до сега животот го загубија четири лица

Трет ден Грција е зафатена од невиденото невреме Даниел кое предизвика големи разурнувања, со фокус на подрачјето на Магнезија, но и на поширокото подрачје на Тесалија.

По смирувањето на првото невреме денеска се очекува уште едно, па грчките власти потсетуваат дека во префектурата Магнезија сè уште е на сила забраната за движење на возила поради опасните временски појави.

Во областите Палама и Метаморфоси се веќе пријавени четири лица за исчезнати, а градоначалникот на Палама, Јоргос Сакелариу, во интервју за „Акција24“ изразува страв дека може да има човечки загуби.

Во моментов најтешка е состојбата во Кардица и Трикала, но и во населбата Кастро во Лариса, каде што властите од изутрината работат на ослободување на 25 лица.

- Advertisement -
Ad image

Ублажување на временските услови се очекува од понеделник, додека првите подобрувања ќе се видат веќе утре.

Share This Article