Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски смета дека проблемот со издавањето на патните исправи може да се ублажи само со добра организација, со соодветно менаџирање и прераспределување на човечките ресурси што ги има МВР., но нема можност за продолжување на рокот за промена на старите документи, бидејќи грчката страна опстојува на ставот да се почитуваат роковите за примена на договореното.
Тошковски вчера имаше средба со амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, на која, како што информираа од МВР, го презентирал проблемот со недостиг на обрасци за пасошите и предложил мерки за негово решавање.
Во однос на обрасците за пасошите тој рече дека проблемот не е со добавувачот, туку во лошото планирање, а во текот на вчерашниот ден пристигнале 50.000. Тошковски очекува до крајот на овој месец да пристигнат уште 250.000 обрасци.