More

    Грција ја зафати силно невреме: Снимени апокалиптични сцени, едно лице загина

    spot_img

    Најмалку едно лице загина, а друго се води како исчезнато во централна Грција, која е тешко погодена од лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови, објавија во вторник локалните медиуми.

    Во провинцијата Волос едно лице однело поток, а 70-годишен сточар загинал во одрон предизвикан од силен дожд, објави јавната телевизија ЕРТ.

    Во Волос, каде што беше поплавена и болницата, многу возачи останаа заробени во своите автомобили, а пожарникарите ги спасуваа, јавува Анадолија.

    Почвата не можеше да го апсорбира рекордното ниво на врнежи.

    Ројтерс
    Цивилната заштита ги повика жителите на Солун, Волос, Лариса, Евија и Катерини да бидат внимателни и да го ограничат движењето како мерка на претпазливост од опасност од поплави.

    Во врска со ова, Националната опсерваторија на Атина ги советуваше жителите на јужниот регион Пелопонез, западен Епир и централниот регион Атика, кој ги опфаќа главниот град Атина и соседниот пристанишен град Пиреја, да преземат мерки на претпазливост по прогнозираните обилни врнежи во вторник и среда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img