Грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови средби

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

,,Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата” – беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.

Нашите вредни ученици заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби.

Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски учениците:

Рецитаторката Константина Крежеска (IV-5) се закити со сребрен медал и диплома за освоена втора награда на рецитаторскиот натпревар;

Ораторката Сара Петкоска (III-3) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на натпреварот во ораторство;

Младата поетеса Симона Димитриеска (I-7) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на литературниот конкурс.

Пофалница за рецитаторство доби ученичката Софија Милевска (III-7) под менторство на проф. Светлана Голабоска.

Пофалница за ораторство доби ученичката Ива Јованоска (IV-3) под менторство на проф. Маријана Танеска.

Успехот е поклон и чест за Рациновата безвременост, за негувањето на македонскиот литературен јазик, а со тоа да бидеме запаметени за вечност да траеме.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article