Мајката А.А.(20) од околината на Кладово е уапсена под сомнение дека се обидела да го задуши своето деветмесечно бебе, јавија српски медиуми.
На мајката ѝ е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Основното јавно обвинителство Неготин.
Согласно Законот за спречување на семејно насилство, полицијата на А.А. ѝ изрече и вонредни мерки – времено отстранување од станот и забрана за приближување кон детето.