Руската новинска агенција РИА Новости објави вознемирувачка видео снимка од Краснодар, град на југот на земјата, на која може да се види човек додека се движи го удри гром во главата додека имаше невреме, а тој веднаш паѓа мртов.
Раптли, видео сервисот на Раша Тудеј (РТ), кој го објави и овој клип, ги објави наводите на локалните власти дека несреќниот 49-годишен маж, по потекло од Симферопол, Крим, дошол на пазарот Кванташ во Краснодар за да купи зеленчук од таму.
На видеото од надзорната камера се гледа дека несреќата се случила во вторникот половина час по пладне по локално време.
Соопштено е дека руското Министерство за вонредни ситуации и денеска издаде предупредување за пороен дожд проследен со грмежи и силен ветер во Краснодарската област.