Грчките земјоделци протестираат на граничниот премин Евзони

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вечерва меѓу19:30 и 20 часот по локално, односно 18:30 и 19 часот по македонско време се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, што ќе трае час и половина до два часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во следните денови, до понеделник, 26 февруари.

Во понеделник, кога во Брисел ќе има состанокот на министрите за земјоделство на Европската Унија, земјоделците во Грција најавуваат протести на повеќе локации, а не е исклучена можноста да се одржи и на граничниот премин Евзони (Богородица).

Земјоделците од северниот дел на Грција веќе извесен период ги имаат паркирано нивните трактори на овој граничен премин, а од вторникот периодично го затвораат во вечерните часови.

Share This Article