More

    Грчките четници му ја отсекоа главата на најголемиот македонски син

    spot_img

    На денешен ден во Бел Камен, Егејска Македонија загинува војводата Васил Чакаларов. Toj е едно од најголемите и најсветлите имиња во македонската историја. Најдолго го држел отворено македонското прашање во постилинденскиот период и ја држел најголемата слободна територија во Беломорска Македонија.

    „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“

    Така на денешен ден во 1913 година извикувал капетанот на грчката војска кој му ја отсекол главата на Чакаларов и со неа шетал низ Лерин, во Егејска Македонија, во денешна Грција.

    Претходно, во борбата со грчките четници тој бил тешко ранет. Во спомените пренесени од војниците се сведочи дека Чакаларов се борел како збеснета мечка, дури и за последен пат пред да умре се издигнал и испукал неколку куршуми, до крај за Македонија.

    Сечењето на главата на славниот војвода беше екранизирано во познатиот македонски филм „Последниот Македонец“.

    Чекаларов е роден во 1874 година во село Смрдеш, Костурско. Учел во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил четврто одделение и паралелно работел со својот татко на градби низ Егејска Македонија и Грција. Во 1894 година бил затворен во костурскиот затвор, но успеал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како чевлар, каменоделец и sидар, а во Шумен завршил вечерна гимназија.

    Во 1901 година Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурското добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комитет(МК). Таму учествувал во активностите на Комитетот и станал близок пријател со тогашниот претседател на МК, Борис Сарафов. Бил врховист, но кога увидел дека врховистите се борат за Бугарската егзархија, се префрлил во ТМОРО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img