More

    Грчкиот тенисер Стефанос Циципас искажа замерки за однесувањето на Ник Кирјос од кого синоќа загуби во 1/16финалето на Вимблдон

    spot_img

    Грчкиот тенисер Стефанос Циципас искажа замерки за однесувањето на Ник Кирјос (Австралија) од кого синоќа загуби во 1/16финалето на Вимблдон со 1-3, по сетови7:6, 4:6, 3:6, 6:7.

    – Навистина се надевам дека ќе создадеме почиста верзија на нашиот спорт, каде ваквото однесување е недозволиво. Треба да се преземе нешто околу ова. Не е во ред. Некој треба да разговара со него. Не можам да седам како робот и да не реагирам на никаков начин. Се уморуваш од ова. Се чувствував како да сме во циркус. Постојано нешто кажуваше, постојано се жалеше за нешто. Иако дојдовме да играме тенис, а не да водиме дијалози. Се обидов да не се провоцирам од тоа, бидејќи можеби е намерно. Тоа е негов начин да манипулира со противникот, да го собори – изјави Циципас.

    Тој, исто така, кажа дека Кирјос извикувал „добар удар“ по неговите грешки.

    – Ова е постојано малтретирање. Постојано ги малтретира противниците. Веројатно, на училиште бил еден од оние на кои му се потсмеваат. Не сакам такви луѓе кои ги понижуваат другите. Има добри карактеристики, но има и нешто многу зло. Нешто што може да ги повреди луѓето – додаде грчкиот тенисер.

    Во осминафинаето на Грен слемот во Лондон, Кирјос ќе се соочи со Брендон Накашима од САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img