Полицијата во Грција го уапси шефот на железничката станица во Лариса, откако товарен воз се судри со патнички воз и загинаа најмалку 38 лица.
Според неофицијални информации, осомничениот се товари за кривично дело нарушена безбедност во сообраќајот со што е предизвикана смрт.
Казните за ова дело се движат од 10 години до доживотен затвор.
Во овој момент се сомнева дека до судирот дошло поради човечка грешка, односно се верува дека приведениот го пренасочил патничкиот воз на спуштање на сообраќајот, поради што се нашол во иста линија со товарниот воз и дошло до верижен судар.
Наводно, осомничениот на истражителите им рекол дека дал наредба да се премести прекинувачот, но дека системот не го сторил тоа.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа.
Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.
Нема повредени или загинати македонски државјани во железничката несреќа која се случи синоќа во близина на грчкиот град Лариса, соопшти македонското Министерство за надворешни работи (МНР) на 1 март.