More

    Грчката телевизија ЕРТ објави една од последните снимки на Анастасија Рубинска во наводно кобната ноќ пред да исчезне, а потоа да биде убиена на островот Кос во Грција

    spot_img

    Грчката телевизија ЕРТ објави една од последните снимки на Анастасија Рубинска во наводно кобната ноќ пред да исчезне, а потоа да биде убиена на островот Кос во Грција.

    На видеото кое е објавено, се гледа како маж од Бангладеш и Анастасија се возат на неговиот мотор во понеделникот вечерта на 12 јуни, денот кога исчезна несреќната девојка, објави грчкиот портал „Прототема“.

    Инаку, токму мажот од Бангладеш (32), со кого наводно била снимена ноќта кога исчезнала, го признал убиството. Наводно и пред тоа тие биле кај него дома, што го потврдил и неговиот цимер, но тој истакнал дека девојката претходно не ја видел. Како што соопштија од полицијата, таа вечерта му испратила неколку пораки на своето момче Михаил, кој прв почнал со потрагата.

    Часовникот на камерата покажува 00:08:16 во вторник, но според сопственикот на куќата, часовникот се движи нанапред еден час и девет минути, што значи дека вистинското време кога ја напуштиле куќата на мажот од Бангалдеш е 22:59 часот во понеделникот навечер.

    Исто така, на друга снимка, два дена по злосторството, се гледа како 32-годишен маж поминува покрај истата камера, оди кон местото каде што наводно била убиена 27-годишната жена и се враќа по 11 минути. Тој е во притвор како главен осомничен, а семејството на Анастасија нагласи дека нема сомнеж дека нејзиното момче е вмешано во убиството.

    Да потсетиме, телото на несреќната Анастасија било во напредно распаѓање и било пронајдено завиткано во чаршаф и две кеси за ѓубре и „скриено“ под гранки и трева зад грмушка. Оштетената била со лисици на рацете, нејзиното голо тело имало набиеници и повреда на главата, додека судскиот вештак Панајотис Котрекоспо утврдил дека се работи за гушење и насилна смрт од задушување, за кое сѐ уште не се знае дали е предизвикана од јаже или со рака.

    Мобилниот телефон на Анастасија бил испратен во форензички лаборатории за дополнителна анализа која покажала дека мажот од Бангладеш ги избришал фотографиите и сите повици што ги упатувал ноќта на убиството. Сепак, и покрај признанието на осомничениот, мотивот за убиството сѐ уште е нејасен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img