Гранатирано е и Запорожје, Украинците се надеваат на обуката во Германија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот загинати во рускиот ракетен напад врз станбена зграда во југоисточниот украински град Дњепар се искачи на 35, изјави денеска претставник на регионалната администрација.

– Спасувачите продолжија да ги пребаруваат урнатините по уште жртви – рече регионалниот гувернер, Валентин Резниченко.

Во нападот извршен во саботата се ранети најмалку 75 лица, а 35 сè уште се водат како исчезнати. Во повеќекатницата живееле околу 1.700 луѓе, а граѓаните велат дека на тоа место немало воени цели.

Нападот е дел на новиот бран руски напади врз повеќе украински градови и локации.

 

Обновените напади на Москва доаѓаат во мигови додека во тек се жестоки борби во источната украинска провинција Доњецк, каде што руската војска тврди дека ја презела контролата врз малиот град Соледар, додека Украинците велат дека нивните сили уште се борат во градот.

Руските сили утринава извршиле напад врз градот Запорожје, при што е оштетена индустриската инфраструктура, а ранети се три лица, од кои две деца, соопшти регионалната администрација.

Во градот Доњецк пак, нападнаа Украинците. Најмалку две лица загинаа, а четири се ранети во денешното украинско гранатирање, изјави портпаролот на градската воена управа.

– Четири лица се ранети, а најмалку двајца се убиени. Спасувачките тимови бараат тела под урнатините – изјави тој за руските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Според соопштението на канцеларијата на локалната воена команда, судејќи по обемот на уништувањето во нападот бил употребен американскиот ракетен систем „ХИМАРС”.

Украинските војници  бидуваат обучени да ракуваат со „ХИМАРС“ од страна на американската армија. Во тренинг-центарот „Графенвор” кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Мили кој денеска е предвидено да го посети центарот за обука, појасни дека војниците пристигнале од Украина пред неколку дена. За нивна обука се обезбедени целосни комплети оружје и опрема, а засега Пентагон одбива да прецизира кога точно ќе започне обуката.

- Advertisement -
Ad image

Агенциите објавуваат дека украинските војници ќе научат како подобро да се движат и да се координираат во баталјон, користејќи комбинирано артилерија, оклопни средства и копнени сили.

Во изјавата дадена за новинарите кои патуваат со него во Европа Мили рече дека комплексната обука заедно со нов сет оружје, артилерија, тенкови и други борбени возила што се на пат кон Украина, ќе биде клучна за да и помогне на Украина да ја врати територијата заземена од руските сили.

– Оваа поддршка е многу важна, бидејќи Украина ќе може да се одбрани. Се надеваме дека ќе можеме да го постигнеме тоа заедно за кратко време – истакна Мили.

Тој додава дека целта е целото ново оружје и опрема што ќе и биде доставено на Украина веднаш да биде употребливо за обучени војници, „некаде пред да почнат пролетните дождови”.

– Тоа би било идеално – рече Мили.

Обуката покрај теренската работа предвидува и настава во училница и ќе започне со помали тимови, а потоа постепено ќе се зголемува со вклучување поголеми единици.

САД веќе обучија повеќе од 3.100 украински војници да користат и одржуваат одредени видови оружје, вклучително ракување со американските хаубици и ракетните системи „ХИМАРС”.

Share This Article