Граѓанската поддршка за Давкова ќе ја видите на изборите, порача ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стево Пендаровски само озборува и пласира невистини, поднесувањето на кандидатурата е технички процес, Гордана Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив и поддршка од граѓаните – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на објавите од тимот на Пендаровски дека Силјановска Давкова до ДИК доставила кандидатура со поддршка од 30 пратеници, но не и со потписи од 10.000 граѓани како што беше најавено.

Свесни сме за интенцијата на Пендаровски и СДСМ да продолжат со креирање на теми кои се надвор од реалноста и ова е уште еден доказ за нивната единствена желба да го затскријат својот неуспех и пораз кој ги очекува.

Поднесувањето на кандидатурата е технички процес, професорката Силјановска Давкова имаше историски најголем одзив од граѓаните при собирањето на потписите за нејзината кандидатура и тоа е она што е најголема болка за Пендаровски и СДСМ.

Поддршка од граѓаните е јасна и недвосмислена, а СДСМ и Пендаровски во истата ќе се уверат на 24 Април и 8 Мај. Му препорачуваме на Пендаровски барем во неговите последни денови од мандатот да ја напушти неговата најсилна карактеристика – озборување и пласирање на невистини во јавноста“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article