More

    Граѓаните заштедија 3.000 денари со есенската и со училишната кошничка

    spot_img

    Есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за 5 до 10%, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

    Мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, како што нагласи Дурмиши, ќе се преземат поригорозни мерки.

    Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

    -Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки – најави министерот.

    Законот за забрана на нефер трговски практики се применува од 28 септември. Тој предвидува повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10%.

    Според него, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти,…

    -Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните – истакна Дурмиши.

    Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3 000 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img