Посмртните останки на 10 мажи и шест жени се извлечени од реката Чикаго и езерото Мичиген од почетокот на минатата година. Граѓаните се во страв од сериски убиец.
Забележани се обрасци при собирање тела, во последните шест месеци биле пронајдени пет мажи.
„Има премногу случајности“, вели Трејси Волдер, поранешен федерален агент на ЦИА и ФБИ. Тој додава дека може да биде сериски убиец на работа и посочува на „случајни“ давења, тела извлечени далеку од местото каде што жртвите биле пријавени за исчезнати и кратки периоди во кои биле пронајдени повеќе жртви.
„Во случај како овој, има толку многу слични модели насекаде што веќе не е само случајност“, забележа Валдер. Последното извлечено тело е на 26-годишниот Ноа Енос. Тој беше пронајден на 17 јуни, пет дена откако исчезна по рок концерт во локалната музичка сала.
Официјалните лица допрва треба да ја објават причината и начинот на неговата смрт, а неговото семејство работи со приватни истражители „за да се најде правда за Ноа“.
Објавени се имињата на жртвите
Објавени се имињата на извлечените од водите во областа Чикаго: Ноа Енос, пронајден во јуни оваа година, неидентификувана жена, пронајдена во мај, Ричард Гарсија и Шејмус Греј, пронајдени во април 2023 година, Џоел Ордуно, пронајден во март, Ентони Рукер, пронајден во февруари, Кшиштоф Зуберт и Питер Салвино, пронајдени минатиот декември, Хејворд Браун, пронајдени во јуни, Даниел Сотело и Натали Бруксон, пронајдени во мај, Карина Пена Аланис и Јует Цанг, неидентификувана жена и неидентификуван маж, пронајдени во Април минатата година и Кетлин Мартин, пронајдена во март.
За поголемиот дел од пронајдените луѓе, причината за смртта е случајно давење, додека за неколку, причината за смртта е самоубиство. Полицијата во Чикаго се уште не ги коментирала овие случаи, пишува New York Post.
ФБИ соработува со полицискиот оддел во Чикаго
Валдер наведува дека сериските убијци имаат навика да следат шема и дека потопувањето тело во вода е гаранција дека форензичките докази ќе исчезнат во повеќето случаи. Тоа го прави криминалот совршен.
Кон крајот на декември 2022 година, локалните медиуми објавија дека ФБИ соработува со полицискиот оддел во Чикаго на решавање на серија смртни случаи од давење.