More

    Граѓаните се разочараа од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

    spot_img

    Христијан Мицкоски ни во својот налош кошмар не можеше да верува дека ќе му се случи вакво фијаско уште во првите недели од неговото владеење. Меѓу граѓаните владее огромно разочарување од политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите недели, а оние кои гласаа за Мицкоски и неговите шарени лаги се во шок, соопшти опозициската СДСМ.

    „ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес и ова Мицкоски добро го знае, па се обидува да претстави поинаква слика. Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на оваа држава ќе живеат во лоши економски услови со ниски плати, во земја која е под целосно подаништво на друга држава, земја задолжена до гуша со пари од сомнително потекло. Денес Македонија е изгорена земја која изгуби 2% од територијата заради неспособноста на Мицкоски да се справи со пожарите. Под раководство на ВМРО-ДПМНЕ државата нема стратешки правец, со зацементирани и изгубени шанси за евроинтеграции, но и без јасна алтеренатива. Секоја политика од изборите до денес на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на богатење на партијата, луксизирање, скапи подароци и создавање одлични услови за богатење на мал слој од општеството, наспроти огромно мнозинство граѓани кои ќе живеат во сѐ полоши услови. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека го изневери народот и дека ништо од тоа што вети на изборите нема да се реализира“, наведено е во соопштениео.

    Од друга страна, пак, премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Фокус рече дека ако утре се одржат избори, тогаш голема е веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да освои 450.000 гласови, доколку СДСМ да падне под 125.000 гласови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img