Граѓаните и фирмите за даноци, акциза, царина и придонеси вкупно должат 9.829.008.706 денари, објави Управата за јавни приходи.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566 денари, а долгот за царински давачки изнесува 201.689.140 денари.
Листа на должници за доспеани долгови е за период до 30 ноември 2023 и неплатени до 29 февруари годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници објавени се 1.801 правни лица и 3.606 физички лица.
Меѓу должниците се приватни фирми, државни и општински јавни претпријатија и поединци. Ова се првите 10 на листата.