Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на револуционерот Гоце Делчев.
Неколкумина граѓани се собра на улицата Самоилова која води кон црквата „Свети Спас“. Тие преку социјалните мрежи информираа дека не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи има полициски барикади.
Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во намерата за ноќна стража и најавија дека ќе останат до утре.
Групата од стотина луѓе се собра на плоштадот Македонија, од каде се упати кон црквата „Св. Спас“, но беа запрени од полициски кордон кој го обезбедува околниот простор. Во знак на протест, пеат патриотски песни и извикуваат „Никогаш Северна, само Македонија“.
Чествувањето за 151-та годишнина од раѓањето на Делчев ќе почне утре во 9 часот.