Градот кој паѓаше со големина на лешник и орев во неколку градови во земјава, во текот на неколкуте невремиња што ја зафатија земјава во летниот период, оштети многу возила

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градот кој паѓаше со големина на лешник и орев во неколку градови во земјава, во текот на неколкуте невремиња што ја зафатија земјава во летниот период, оштети многу возила.

Многу граѓани, особено жители на Скопје, Охрид и Прилеп на социјалните мрежи споделуваа фотографии од оштетувањата на возилата што им ги направил градот.

Вдлабнати покриви и хауби на автомобилите, искршени ветробрански стакла, пукнатини на бојата, беа дел од оштетувањата кои можеа да се забележат на фотографиите.

– Со семејството минатиот месец патував кон Прилеп кога одеднаш се споија небото и земјата. Почна да врне пороен дожд, не се гледаше прст пред око. Се обидов да се засолнам некаде со возилото, како и другите автомобили кои се најдоа на патот. Градот што паѓаше беше со големина на лешник – вели скопјанецот Мартин.

Од силниот град на Мартин му пукнала шофершајбната, но бидејќи со осигурувањето за автоодговорност немал доплатено за осигурување на стаклата, штетата ќе мора самиот да си ја надомести.

Плусинфо разговараше со неколку осигурителните агенти кои ни објаснија дека поправката на овие штети ќе ја платат осигурителните компании, но само ако сопственикот на возилото има каско осигурување.

– Редовното осигурување од автоодговорност што се прави со регистрацијата не ги покрива штетите предизвикани од град. Сите што имаат целосно каско осигурување, ќе добијат надомест на штетата во цел износ. Тие што имаат каско осигурување со франшиза, од вкупниот износ на штета ќе им се одбие франшизата, а другиот дел ќе им биде исплатен како отштета – објаснуваат осигурителните агенти.

Тоа практично значи дека ако градот на некој автомобил предизвикал штета од 500 евра, сопственикот на автомобилот нема да добие ништо ако возилото е само регистрирано. Доколку има целосно каско осигурување, ќе добие надомест од 500 евра. Ако пак има каско осигурување со франшиза од 200 евра, тогаш за штетата ќе добие надомест од 300 евра.

Сепак, повеќето сопственици на возила се одлучуваат при регистрирањето на возилото да го осигуруваат за автоодговорност, осигурување кое нуди заштита од трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни по сила на законот да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надомест на штета која настанува како последица на сообраќајните незгоди.

- Advertisement -
Ad image

– Со склучување на договор за осигурување од автоодговорност се надоместува штета кон трети лица (оштетено или уништено моторно возило, смрт, телесна повреда, нарушена здравствена состојба). Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило сообраќајката, како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообраќајната незгода – велат агентите.

Граѓаните можат да ги пријават во полиција штетите од невреме. По секоја пријава, полициски службеници изготвуваат соодветни записници кои, на оштетените граѓани ќе им послужат за понатамошна постапка пред други надлежни институции.

фото: ЈП „Паркови и зеленило“

- Advertisement -
Ad image

Често сме сведоци на тоа дека по силни невремиња огромни гранки, па дури и цели дрвја оштетуваат автомобили паркирани на градските паркинзи.

И во овој случај доколку вашето возило е каско осигурано ќе можете да очекувате осигурителната компанија да ви ја плати штетата.

Единствен исклучок е ако дрвото кое паднало врз вашиот автомобил е маркирано од Паркови и зеленило, дека поради старост или болест треба да се отстрани. Во тој случај може да очекувате институциите да ви платат отштета, во спротивно, штетата ќе си ја платите сами.

Од ЈП „Паркови и Зеленило“ информираат дека обесштетување се врши само доколку дрвото кое направило штета има добиено Решение за сечење од Секторот за комунални работи на Град Скопје.

– Во случај на паднато дрво или гранка најнапред потребно е да се извести, повика МВР и да се направи увид и полициски записник на местото на настанот и констатација на состојбата. Потоа, самиот оштетен прави фотографии како доказ, по што оштетениот доаѓа во Дирекцијата на нашето претпријатие да го пријави настанот. Потоа службено лице за осигурување од претпријатието изготвува Пријава за штета по што таа се доставува до осигурителна компанија со која е склучен договор за обештетување. Обештетување се врши само доколку се исполнети сите потребни услови – информираат од јавното претпријатие.

Share This Article