More

    Градоналачничката објасни зошто ја отпуштила директорката на Комунална

    spot_img

    Директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ беше разрешена од функцијата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не била задоволна од нејзината работа, како и реализацијата на програмата „За модерно Скопје“.

    – Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби – истакна Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со причините за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ.

    Градоначалничката рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура.

    Мазнева Николиќ вчера потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.
    – Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците – рече Мазнева Николиќ.

    Само три месеци претходно кога Скопје два дена остана затрупано во ѓубре поради штрајкот на „Комунална хигиена“ градоначалничката и даде целосна поддршка на Мазнева, која како што рече го направила тоа што ниеден маж не го направил во изминатите 30 – успеала да се справи со мафијашките структури во јавното претпријатие.

    – Оваа жена денес треба да ја поздравите сите и да кажете браво за тоа што го направи и браво за начинот на кој што се справи со целата ситуација. Нема повеќе мафијаши да уценуваат, нема повеќе политички структури тука да си играат ниту со здравјето ниту со животот на граѓаните – рече тогаш меѓу другото Арсовска.

    За две години мандат Арсовска смени и назначи нови 40-тина директори на јавни претпријатија и установи во надлежност на Град Скопје, повеќето без никакво објаснување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img