По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, во која се вели:
Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.
На овој голем ден, пред точно 31 години граѓаните на Република Македонија јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекореше по патот на меѓународните интеграции, градејќи при тоа добри односи со соседните држави и со својот мултиетнички и мултирелигиски карактер даде значаен придонес во промовирањето на успешниот модел за соживот во регионот.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за мир, стабилност, економски просперитет и општа благосостојба на сите граѓани и воедно Ви посакувам пријатно празнично расположение.