Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.04.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.
На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.
Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.
Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”
Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.
Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.
• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ
Во прилог целосната агенда на настанот: