More

    Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ја спореди „храброста“ на неговата одлука на посетителите да им наплаќа влезат во градот со храброста на легендарниот венецијански истражувач Марко Поло

    spot_img

    Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ја спореди „храброста“ на неговата одлука на посетителите да им наплаќа влезат во градот со храброста на легендарниот венецијански истражувач Марко Поло.
    Венеција ќе стане првиот град во светот што ќе донесе таква мерка, кога долго дебатираната наплата од 5 евра ќе стапи на сила кон крајот на овој месец, објави Гардијан.

    Бруњаро рече дека целта не е да се заработат пари за градската касата на Венеција, туку да се „одбрани“ градот лагуна, кој привлекува околу 40.000 посетители дневно, и да се направи попогоден за живеење.
    Билетите може да се резервираат онлајн за периодот од 25 април до 14 јули, кога најмногу посетители доаѓаат во Венеција.
    Венецијанските власти сметаат дека 2024 година е експериментална фаза на иницијативата.

    – Должни сме да ги зачуваме големите историски центри на светот –  изјави Бруњаро пред новинарите во Рим.

    Тој истакна дека низ историјата никој не ризикувал да проба такво нешто и дека ниеден политичар не би го направил она што го прави тој.

    – Ако успее, сите ќе кажат дека е банално, а ако не успее ќе предизвика критики и лош впечаток – посочи Бруњаро.

    Посетителите кои ќе престојуваат во Венеција еден ден ќе добијат QR код по резервирањето на билетот, кој е потребен само за пристап до историскиот центар на Венеција. На различни пунктови ќе се врши проверка и оние кои ќе го немаат кодот ризикуваат казна до 300 евра.

    Локалните жители, луѓето кои работат во Венеција, студентите и децата до 14 години се ослободени од режимот, како и туристите кои преноќуваат во градот.

    Критичарите велат дека мерката е „противуставна“ и ја ограничува слободата на движење и може да ги одврати посетителите да дојдат во Венеција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img