Во текот на вчерашниот ден остварив средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
На средбата се разговараше за дополнителна координација на МЖСПП и општината во приоретизацијата на активностите во Преспанскиот регион планирани во рамки на проектот ЕУ4Преспа и со средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој.
Овие активности се насочени кон управување со отпадните води и управување со отпадот.
На средбата заеднички беше ставот дека мора да се преземат поинтензивни активности во делот на управувањето со отпадните води и спречување на нивно излевање во Преспанското Езеро, како една од мерките за заштита на водите на Езерото.