More

    Градоначалникот на Карбинци ги открива деталите за денешниот обид за киднапирање

    spot_img

    Во дворот со возило „голф“, темно сина боја и со скопски регистарски таблички се паркирало момче, не се знае неговата возраст, излегло и му пришло на еден ученик. Извадило мобилен телефон и на ученикот му покажало фотографија од ученичка која е во деветто одделение, значи околу 13 години, и му рекол да ја повика. Му дал 200 денари во рака, за да ја викне. Ученикот го повикал девојчето, по што лицето од возилото ѝ рекло да влезе во автомобилот за да одат на кафе и ѝ нудело пари. Девојчето се исплашило, бидејќи не го познавала лицето, и веднаш заминало кај директорката да пријави.

    Ова за Фокус го раскажува Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци, Штипско, кој вели дека наспроти демантот на Министерството за внатрешни работи (МВР), сепак, ситуацијата била далеку посериозна.

    – Во меѓувреме, истото лице му се обратило на момче од шесто одделение, кое е од турска националност, што беше спомнато и од директорката, дека се работи за две деца, од македонска и турска националност, и него се обидел да го намами да влезе во колата. Му покажал и му понудил пари, дури и го повлекол за јакната за да влезе. Момчето се исплашило и не влегло во автомобилот, туку дошло кај директорката да ѝ каже за настанот – појаснува градоначалникот.
    Тој вели дека полициските службеници ги зеле парите од ученикот на проверка, дека бил направен записник, а лице од техничката служба кое се затекнало таму го опишало возилото.

    – Сакам да и порачам на јавноста дека ова е сериозен момент, настанот доаѓа во време кога целата земја е вознемирена од последните случувања, но и да упатам порака до МВР, дека Карбинци се наоѓа на седум километри од Штип и дека ние овде бараме редовно патролирање на полицијата. Тоа се реакции и од жителите кои неколкупати ги пренесувам, но без резултат – порача Паунов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img