Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од денеска на новинарите им е забранет влез во градот.
Одлуката е донесена откако загина американскиот новинар Брен Рено (51) при напад на руските сили, кои отвориле оган врз автомобил во движење. При нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.
– Почнувајќи од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. Сакаме да ги спасиме нивните животите и на нашите бранители – истакна Маркушин.
Тој, исто така, ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.
„Од почетокот на руската инвазија во Украина убиени се двајца новинари. Јевгениј Сакун, дописник и снимател на украинскиот телевизиски канал „Лајф“, кој работеше и за шпанската новинска агенција ЕФЕ, загина за време на нападот врз телевизиската кула на 1 март“, соопшти Меѓународната федерација на новинари.