Градежна машина, најверојатно багер усмрти жена пешак на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје.
Курир.мк неофицијално дознава дека жената е почината на лице место.
Од МВР потврдија дека имаат пријава во 11 часот според која градежна машина удрила во пешак.