Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 година се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови, голем број на јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините. Порталб ги рангира десетте најзадолжени општини и Јавни претпријатија.
Вкупниот долг на општините изнесува речиси 59 милиони евра. Во првите 10 најзадолжени општини и во 2023 година се Тетово и Гостивар. Според податоците од Министерството за финансии, општина Тетово со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра е рангирана на 9 место на новата должничка листа на сите должници. Локална власт на Тетово пријавила уште 109.00 евра по основ на недоспеани обврски. Општина Гостивар со доспеан неплатен долг од речиси иста сума како Тетово, 8,3 милиони евра е рангирана на 10 место. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра.
Доспеани а неплатени обврски 2023
Општина Тетово 8.337.000 евра
Општина Гостивар 8.316.000 евра
Град Скопје 7.335.450 евра
Општина Охрид 5.210.000 евра
Општина Делчево 3.135.430 евра
Општина Желино 2.303.143 евра
Општина Кисела Вода 1.795.100 евра
Општина Струга 1.701.300 евра
Општина Василево 1.508.00 евра
Општина Аеродром 1.092.200 евра
Според висината на долгот, трета најзадолжена е Општина Охрид со износ од 5,2 милиони евра, а милионски долгови пријавиле и Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино со 2,3 милиони евра, Општина Кисела Вода со износ на долг од 1,7 милиони евра и Општина Струга со приближно иста сума од 1,7 милиони евра. Општина Василево пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра а Општина Аеродром должи скоро 1,1 милион евра. Долгот на останатите општини се движи под еден милион евра.
Општинските јавни претпријатија должат 77 000 000 евра. Меѓу најзадолжените јавни претпријатија формирани од Град Скопје е ЈП Водовод и канализација – Скопје кое со доспеани обврски во износ од 9 милиони евра се наоѓа на 7 место на новата должничка листа. Слична сума должи и ЈП Водовод Куманово кое е рангирано на осмото место. Со висина на долг од 6,4 милиони евра , на 13 место се наоѓа ЈП Колекторски систем – Скопје а со милионски долгови зад него се рангирани ЈП Водовод Охрид со скоро 6,1 милион евра и ЈКП Тетово со 5,7 милиони евра.
Доспеани а неплатени обврски 2023
ЈП Водовод и канализација – Скопје 9. 072.305 евра
ЈП Водовод Куманово 9.042.344 евра
ЈП Колекторски систем Скопје 6.409.000 евра
ЈП Водовод Охрид 6.100.000 евра
ЈКП Тетово – ЦО Тетово 5.745.644 евра
ЈСП Скопје 4.496.141 евра
ЈП Комуналец Струмица 4.161.700 евра
ЈП Водовод и канализација Струга 3.790.675 евра
ЈП Чистота и зеленило Куманово 3.591.400 евра
ЈП Комуналец Гостивар 3.437.400 евра
ЈСП – Скопје кое во континуитет се соочува со политичко-финансиски превирања, на крајот на 2023 година пријавило долг во износ од скоро 4,5 милион евра. ЈП Комуналец Струмица пријавило долг од речиси 4,2 милиони евра а зад него се ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец Гостивар со пријавени 3,4 милион евра.
Вкупниот долг на сите ЈП на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 та изнесувал скоро 77 000 000 евра. Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч.