Иако повеќето луѓе го прават тоа, сепак јајцата не треба да ги чуваме во вратата од фрижидерот, а причината за тоа е температурната нестабилност.
Имено, температурата во овој дел од фрижидерот постојано се менува бидејќи често ја отвораме вратата, па јајцата може побрзо да се расипуваат, пишува Klix.ba.
Најдобро би било да ги чувате на средната полица од фрижидерот бидејќи таму температурата е најладна.
Исто така, имајте на ум дека тие треба да се мијат пред да се стават во фрижидер за да се спречи ризикот од инфекција со салмонела. Иако повеќето инфекции поминуваат без потреба од специфичен третман, одредени случаи на инфекција може да бидат опасни по живот.
Готвачите советуваат и јајцата да не се ставаат веднаш во фрижидер доколку претходно биле во жешка кола или слично, бидејќи не можат да издржат нагли промени на температурата, па може и побрзо да се расипат.
Покрај тоа, храната која има силен мирис не треба да се чува покрај јајцата, бидејќи тие имаат кревка лушпа која веднаш ќе ги апсорбира сите мириси од околината.