More

    Гоце дошол до првата трага поврзувајќи го исчезнатиот „цитроен“ со исчезнувањето на девојчето

    spot_img

    Маја Спироска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска, сведочеше денеска во процесот за расветлување на убиствата на 14-годишното девојче и 74-годишниот фризер од Велес, Панче Жежовски, што се случија лани во ноември.

    Таа раскажуваше како дознала за исчезнувањето на Вања и како гледале снимки од камери кои ги носел таткото на Вања, Александар.

    – Зорица ми се јави во 11 часот и ми кажа дека Вања ја нема. Дента не отидов кај нив, знаев дека имаа инспектори дома, внук ми беше кај Зорица и така добивав информации. Јас барав Вања низ Дебар Маало. Од вторникот до неделата секој ден бев присутна кај нив. Имаше колешки на Зорица, внукот, Сашко (таткото на Вања, Александар), сите бевме во паника. Сашко гледаше снимки. Во вторникот сите заедно гледавме една снимка и констатиравме дека детето е земено од внатре. Не знам кој му ги даваше снимките, првин беше сам, а потоа дојде Гоце, кого јас не го познавав. Тие беа заедно, излегуваа заедно, наоѓаа снимки, гледаа. Во еден момент, не знам дали беше среда или четврток, Гоце дојде во дневната и ми кажа „Мислам дека имаме некој траг, го видовме ‘цитроенот’ што се бара по интернет“, и ми покажа слика од бараниот „цитроен“. Почна да претпоставува да не ја грабнал некој, да не е педофил. Јас му дадов знак да молчи, оти и помалата ќерка на Зорица беше во собата. Не знам дали полицијата во тој момент беше известена за снимката. Тој не беше сигурен дека тоа е тоа, рече само дека е можно ова возило да ја грабнало. Првиот ден видовме една снимка во која некој стоеше кај МЦМ и гледаше наоколу, дојде црно БМВ и го зеде – рече Спироска.

    Таа додаде дека не им било логично некој да организира киднапирање на Вања.

    – Зошто би го направил тоа? Јас не се гледав тие денови многу со Сашко, повеќе бев со Зорица и со другата ќерка. Тој на Зорица ѝ велеше „Не се секирај, ќе ја најдеме“. Едно време ми велеше дека треба да му пратам порака на Илон Маск за да ја бара по сателит, тоа ми беше чудно, не знам како би контактирала со Илон Маск – рече Спироска.

    Таа сведочеше дека не ја видела пораката до родителите што наводно по грешка била испратена во вибер група, па избришана. Родител од класот ѝ кажал дека наводно во неа пишувало „Вратете го детето, ќе ви дадам пари“.

    – Јас не сум во групата, не сум родител во класот. Во неделата братучетка ми беше повикана во полиција. Ја чекав два часа пред полициската станица „Пролет“. Сашко во еден момент ми се јави, го прашав „Нели си со Зорица?“, ми рече „Ме разделија“. Праша да не ѝ се слошило на Зорица – сведочеше Спироска.

    Таа додаде дека Сашко порано работел во Фершпед, дека станот во кој живееле во Дебар Маало бил на Вања, дека не знае детали за сопственоста, дека не се познава со првообвинетиот Љупчо Палевски и дека не знае дали Зорица и Сашко се познавале со него.

    Спироска рече дека сега дознала дека тетин ѝ купил стан од Палевски и дека тој бил темелен човек и не верува дека би го купил станот ако имало каков било проблем.

    Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ ја праша дали ја видела пораката на вибер, на што Маја Спироска одговори: „Не, само ми кажаа. Ми рекоа дека била избришана пораката. Еден од родителите од класот ми кажаа за пораката“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img