More

    Гостиварска апелација го врати предметот за партиските печати во тетовскиот суд

    spot_img

    Апелацискиот суд Гостивар ја прифатил жалбата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и го вратил предметот за партиските печати на повторно судење во Основниот суд Тетово, информираа денеска од партијата.

    „Апелацискиот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да ѝ припаднат на фракцијата што ѝ се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелацискиот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img